Познатата македонска пејачка, која живее и работи во Австралија, Соња, која сите ја познаваат по прекарот Динамит, добиен по нејзин познат хит, новата година ја почнува со нов албум.
Албумот се вика „Опасно ме гледаш“, насловен по носечката песна, а освен таа на ова ново издание од Соња може да се слушнат уште седум нови песни и две бонус. Останатите песни се: „Трубачи“, „Дојде денот сватови наши“, „Дај чочек зиграј“, „Доживотно твоја“, „Уникат“, „Иди дојди Елено“, „Динамит“, „Песна за сите невести“…
Но, она што е најинтересно е што на овој албум е сместен познатиот хит „Око мое“, на авторот Тоде Новачевски, а кој одамна го отпејаа Маријана и Росана.
Соња е пресреќна што Новачевски и дозволил да ја отпее оваа песна, која неа многу и се допаѓа.
-Кога се договаравме со Тоде, тој ми рече дека новиот аранжман да го прави исклучиво Сашко Велков. „Око мое“ е песна која мене многу ми се допаѓа и кога се слушнавме со него за да го прашам за дозвола ми рече: „Која песна ја сакаш“. Јас му реков дека „Око мое“ е песна, која јас многу ја сакам. На тоа Тоде ми кажа дека сум му ја побарала најубавата негова песна. Се плашев дали ке ја донесам толку добро како Маријана и Росана, но тој ми рече дека јас ќе ја отпеам на свој начин. Навистина сум му бескрајно благодарна што ми дозволи да ја отпеам оваа песна, вели Соња.
На овој албум соња соработувала со многу познати автори како орце Зафировски, Љупчо Соколовски, Ферус Мустафов, Сашко Велков, Гоце Костовски-Пејак, Борче Димитров…
Соња веќе 21 година живее во Сиднеј и е добро позната меѓу нашинците бидејќи настапува на македоснки веселби и клубови, но, и по клубовите каде се слуша екс ју музика.
За носечката песна Соња снимаше спот во Македонија, а за останатите песни видеата ќе ги снима во Австралија.