Овонеделната анкета пригодно посветена на новогодишното украсување, постави четири алтернативи за одговор на прашањето: По случајот со „кривата елка“ во Скопје, каков е вашиот став за новогодишното украсување по градовите?
На анкетата во која учествуваа 614 корисници на сајтот, речиси половината (48% со 296 гласови) одговориле дека треба да се украсува, но за потрошените средства треба отчетност и транспарентност. Дека градовите треба да блеснат во новогодишно руво и трошењето на пари за украси е оправдано сметаат 23% или 143 корисници, за одговорот „една елка е сосема доволна колку да се одбележи, не е време за расипништво“ се одлучиле 22% со 133 гласови и најмалку се согласуваат дека треба да се украсува, ама нашите општини трошат премногу (7%, 42 гласови).
За првата недела од Новата година прашуваме за вашето мислење за пушењето.
Прашањето гласи:
„Македонија е на седмо место во светот по број на пушачи. Каков е вашиот став за пушењето?“
1.Строго да се почитува законот и пушењето во затворени простории строго да се казнува
2.Потребна е јавна кампања со цел намалување на бројот на пушачи
3.Да се контролира продажбата на цигари на малолетници
4.Забраната да се либерализира и да се дозволи пушење во места за забава додека да се санкционира во ресторани каде се служи храна
5.Да се дозволи пушење по кафулиња, дискотеки, кафеани.