Весна Дамева се враќа како претседател на Судскиот совет, откако Управниот суд ја поништил одлуката за нјезино разрешување. По оваа одлуката, никој нема право на жалба.
Наследниот на Дамева, Сашко Георгиев во изјава за Канал 77 рече дека пред некоја минута разбрал од медиумите.
-Да ја разгледаме, па потоа ќе коментирам. Пред некоја минута дознав од медиумите, изјави Георгиев.
Весна Дамева дојде на чело на Судскиот совет лани во декември и остана на оваа функција пет месеци до мај. Нејзиното разрешување беше силно критикувано и од меѓународната јавност и влезе во повеќе релевантни извештаи за сосојбата во македонското правосдуство.
Ценејќи дека е незаконски разрешена, Дамева поднесе тужба до Управниот суд и пријава од Обвинителството.
Одлуката на Управниот суд повлекува враќање на Дамева и продолжување на нејзиониот мандат за уште година и пол, до две години колку што трае законскиот мандат на претседателот на Судски совет.