Во рамките на новогодишниот базар „Патека на радоста“, кој од завчера се одржува во спортско рекреативниот центар во Марино, општина Илинден, денеска со почеток во 17 часот е предвидена детска програма, а во 19 часот ќе настапат „Куку Леле“, информираат од општината.
Утре во 19 часот посетителите ќе имаат можност да се забавуваат со настапот на музичките изведувачи Пајак и Лара.
Новогодишниот базар „Патека на радоста“, кој од завчера беше отворен, ќе трае до 30 декември. Базарот е организиран од општината во соработка со општествено одговорни компании.
– Базарот кој вторпат се одржува во општина Илинден, покрај интересни подароци за претстојните празници, им нуди на граѓаните и богата музичка програма. Жителите во текот на овие четири денови имаат можност во рамки на Новогодишниот базар да уживаат во одлична храна и топли пијалаци, дружење со Дедо Мраз, детска програма, забавувачи и изведувачи, програма за секоја возраст, известуваат од општината.
Првиот ден на новогодишниот базар за најмладите имаше детската програма, а потоа и со настап на Ѓоко Јовиќ и Енерџи Бенд. Вториот ден покрај детската програма, настап имаа и Андреј Цаневски и Игор Стојанов-Баркли.