Во недела (31.12.2023 год) и понеделник (1.01.2024 год) јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, при што на 1 јануари првите вклучувања на возилата ќе бидат подоцна од воообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред.
Од вторник (2.01.2024 год) јавниот превоз ќе продолжи да функционира вообичаено, односно по редуциран делничен зимен ред, кој ќе важи до крајот на зимскиот училиштен распуст.
Работно време на билетарници и центри за персонализација
Во недела (31.12.2023 год) и понеделник (1.01.2024 год) билетарниците и центрите за персонализација, нема да работат.
Од вторник (2.01.2024 год) продолжуваат со вообичаено работно време.
Работно време на Жичарница
Жичарницата на 31.12.2023 год ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот, а на 1 јануари од 11 до 17 часот.