По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против двајца 22-годишни скопјани за кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 1, како и Противправно лишување од слобода според член 140 став 5 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик.
-На 2 декември, обвинетите на свиреп начин му ја одзеле и ограничиле слободата на движење на едно лице кое наводно им должело 150 евра, така што против негова волја го однеле во Парк шумата Гази Баба, го соблекле и му ја запалиле облеката и личните работи, а потоа присилно извршиле и други полови дејствија кон него. Со обвинителниот акт, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за двајцата обвинети.