Две лица се убиени, а едно е повредено попладнево околу 14 часот во тетовски Челопек, а приведено е осомничено лице, информираше СВР Тетово.
Убиените и повредениот се роднини со осомничениот за убиството и ранувањето.
-Полициски службеници на СВР Тетово во Челопек, го лишија од слобода И.И на шеесетина години од ова село, постапувајќи по пријава дека околу 14 часот во селото со огнено оружје усмртил двајца негови роднини, а еден повредил. Осомничниот се здобил со повреди исто така нанесени од огнено оружје. Се преземаат мерки и за расчистување и документирање на случајот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
По првичното евиденирање на настанот, СВР Тетово ќе почне и увид во Челопек.