Локалните власти во Газа доцна во вторникот го обвинија Израел за кражба на органите на убиените Палестинци и повикаа на меѓународна истрага, пренесува информер.рс.
Владината канцеларија за медиуми со седиште во Појасот Газа соопшти дека прегледот на телата покажал дека нивните форми значително се промениле поради, како што се наведува, кражба на витални органи.
Тие објавија дека израелската армија ги предала телата без нивните имиња.
Израелските власти не ги коментираа наводите.
Во меѓувреме, бројот на загинати од израелските напади врз Појасот Газа се искачи на најмалку 21.110 убиени и 55.243 ранети од 7 октомври, изјави портпаролот на Министерството за здравство на Газа, Ашраф ал Кудра. Во соопштението се наведува дека во последните 24 часа во нападите на училиштето на ОН во кампот Магази загинале 195 лица, а 325 се ранети.