Штипската четворка пред некој ден наполни два месеци, но иако овие ангелчиња се уште не знаат за новогодишната магија, Дедо Мраз дојде и кај нив и им донесе полна вреќа подароци.
А тие, пак, го пречекаа во новогодишна гардероба, како што прилега за пречек на најочекуваниот дедо.
-Цуцли, шишенца и храна, тоа им донесе, тоа им треба. Ептен ни е весело дома. Машките повеќе спијат, само Леонтина знае да не спие. Најбунтовна е. Таа уште додека бев бремена беше многу темпераментна. Најмала е, а најмногу простор сакаше да има, вели мама Благица.
Таа вели дека дома им е ептен весело и дека и тие се подготвуваат за новогодишните празници иако предност имаат желбите на Леонтина, Михаил, Теодор и Ведран.
-Добри се, само ручкаат и спијат. И кога сакаат да јадат плачат сите четири во еден глас. Инаку, ретко се случува едното да заплаче и сите по него да плачат. А кога имаат, пак, грчеви плачат две по две. Хахахах… Душички, ни го разубавија домот. Сѐ е подредено на нивните желби, вели Благица.
Фото: Студио Ивановски