На одделот за новородени деца при Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, како што информиравме претходно, акушерка во текот на испис на новородено ненамерно пресекла мал дел од палецот на бебето.
Како што велат од Министерството за здравство, дежурниот педијатар постапил максимално професионално и одговорно и веднаш е повикан детски хирург. Новороденото е префрлено на Клиниката за детска хирургија, каде му била санирана повредата.
Акушерката била суспендирана, дадена на Дисциплинска комисија и ѝ била изречена максимална казна според Законот за здравствена заштита, како и промена на работното место, информира Министерството за здравство.