Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски ја соопшти цената на струјата од први јануари.
-Цената за домакинствата за првиот блок се намалува за 5,16 проценти, вториот блок и евтината тарифа остануваат исти, третиот блок се зголемува за 2,88 проценти и четвртиот блок се зголемува за 1,86 проценти. Ако не го воведевме новиот концепт цената во првиот блок би се зголемила за 3,4 проценти, во вториот за 8, 62 проценти, во третиот 9, 36 проценти, за четвртиот за 4,92 проценти и евтината тарифа за 15,42 проценти. Во моментите кога го имплементиравме пристапот во мрежа се водевме по социјалната равда, со воведување на ова овозможивме цената за мрежарина да се намали за речиси 23 проценти. Во изминатиот период имаше дебата и мислам дека денес конкретно покажавме што значи воведување на пристап на мрежа. Дополнително кај 80 проценти од домкинствата функционира евтината тарифа, рече Бислимоски и додаде:
– Јавноста се плашеше дека струјата ќе се покажи или ќе има рестирикции, но до сега ниту еднаш не отстапивме од тоа што го ветивме, пред се мислејки на стандардот на граѓаните. Јас знам дека секогаш темите за цена на струјата се многу интересни, но секогаш вистината е само една. Кога ги носиме овие одлуки се базираме на факти и знаење и трет пат намалуваме цени во првиот блок и цената на евтината тарифа да не се менува. Имаме незначително поместување во третиот и четвртиот блок, рече Бислимовски а на новинарско прашање дали во првиот блок цената е со мрежарината или дополнително ќе се пресметува тој рече:
-Надоместокот е 200 денари и таа цена е збир од цена за енергија плус мрежарината, која заради воведување на пристапот кон мрежа се намали за 23 проценти, додаде тој.