Пејачката Ана Николиќ е во јавноста откако се скара со композиторот Горан Ратковиќ Рале, кога наводно дошло до кавга меѓу нив за време на соработката, по што следела физичка пресметка. Ова не ја изненади јавноста бидејќи многумина, според сите проценки, се навикнати таа да прави скандали, а ова е само уште еден во низата, пренесува република.рс.
Пред инцидентот со Рале, Николиќ правеше хаос на јавни места, па зборуваше за тоа како си ги миела нозете со вотка, се тркалала по улица во алкохолизирана состојба и говорните пораки во кои раскажувала изгребала автомобилот од 100.000 евра на поранешниот сопруг Стефан Раста откако не одговарал на нејзините повици.
И денеска на социјалните мрежи можат да се најдат видеа на кои се гледа како пејачката седи на сред тротоар, додека нејзините пријатели ја снимаат и во исто време во видно алкохолизирана состојба пуши цигари.
Видеата пијана ги прикачила на Инстаграм, но на некои го мутирала звукот бидејќи се гледало дека се расправа со луѓе кои и рекле да се тргне од улица и да влезе во автомобилот.
Низ градот се зборува дека Ана најчесто ја вози возач кога планира да пие, па наводно сменила неколку соработници кои се жалеле дека е неподнослива во такви ситуации.
На урнебесните изјави на Ана Николиќ им нема крај, а во најновата таа објасни дека секогаш со себе носи шише вотка бидејќи со тоа си ги мие нозете и не го користи за пиење.
-Се шетав низ Медина боса во шест часот наутро на некое снимање. Беше толку валкано, па морав да се снајдам и да се исчистам. Морав да ги стерилизирам нозете со вотка. Тогаш велат: „Ана пие“, па јас не пијам, само си ги стерилизирам нозете со вотка… Што да правам – рекла пејачката во една емисија, а под спорното видео фановите и напишале дека и таму изгледа пијана и дека треба што поскоро да побара стручна помош.