На 23.12.2023 во 00.42 часот во СВР Штип 27 – годишна жена пријавила дека околу 00.10 часот во домот на Ф.И.(31) од Штип, тој извршил обљуба над неа.
Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против Ф.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.