Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје вчера во 7.45 часот на подрачјето на Ѓорче Петров го лишиле од слобода М.З.(27) од Скопје.
-При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена прашкаста материја, информира Министерството за внатрешни работи.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.