Украсувањето на градскиот плоштад, главните сообраќајници и новогодишниот базар се финансирани преку јавен повик, кој беше објавен согласно актите и прописите како и сите останати јавни повици, информираше градоначалничката Данела Арсовска во вчерашното соопштение..
-Разликата сепак, помеѓу овогодишното организирање на украсувањето на градот и претходните години е што сега имаме за 10 пати помали трошоци од она што било трошено изминатите две децении – разликата е и во тоа што оваа година парите за оваа намена не ги добила истата фирма која ги добивала досега. Фирма блиска до Шилегов која од бројни тендери испумпувала пари од градската каса. За ова, веќе се подготвени соодветни пријави. Жалиме што и покрај апелите за точно, балансирано и вистинито известување, дел од медиумите се уште одработуваат политички агенди на заборавени „политичари”, се вели во соопштението.
За „точно, балансирано и вистинито известување“ фоторепортерот на ММС, Вангел Тануровски се прошета во центарот на Скопје. Погледнете како е украсено: