Кога те бива за туризам од ништо ќе направиш нешто и ќе го привлечеш целиот регион. Токму такво е и Божиќното село во грчкиот град Трикала, кое цела година е неатрактивно и никој не застанува во него на патот кон Метеорите, но пред Нова Година ги собира сите не само од Грција, туку и од околните држави.
Ова божиќно село се претвора во туристичка атракција и е место каде се посакуваат најубавите божиќни желби, а децата не само што се забавуваат, туку и овде му испраќаат писмо на Дедо Мраз.
А се почнало пред десетина години кога од стара фабрика за производство на леб е направено најубаво божиќно село. На оваа стара мелница доволно и беше панделка за да се претвори во место каде се искажуваат најубавите детски желби.
Џуџиња, самовили, оревокршачки, Дедо Мраз, чоколади, лижавчиња, магичен бунар, фабриката за чоколади на Дедо Мраз, бомбони во различни дизајни, крофни, колачи и што ли уште не е направено за да се привлече детското внимание, а во исто време овде да уживаат и повозрасните.
Погледнете ја галеријата на нашиот фоторепортер Вангел Тануровски од Божоќното село, кое ни ја покажува магијата на овие прзници и желбите за подобро утре полно со љубов и здравје: