На денешната седница на Владата помина Законот за нефер трговски практики, објави вицепремиерот Фатмир Битиќи. Со законот:
*Се уредуваат условите и начинот како ќе се врши трговија со земјоделски и прехранбени производи
*Се регулираат 26 нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи
*Нема да се дозволи да се користи моќта на одредена компанија врз другите компании
*Очекуваме да влијае во намалување на цените на земјоделските и прехранбените производи, а со тоа и на квалитетот на производите.
Надоместоците кои сега се наплаќаат во договорниот однос меѓу купувач и добавувач, кои надоместоци сериозно влијаат на малопродажната цена на штета на потрошувачите, ќе се сметаат за забранета нефер трговска практика.
*Да ја зголеми предвидливоста и сигурноста за работа и на добавувачите и на купувачите.
Република Северна Македонија е единствена земја во регионот која со овој закон се приближува кон легислативата на земјите членки на Европската Унија, бидејќи истиот е резултат на директива на ЕУ, дополнително е чекор напред кон зацврстување на компетитивноста на домашниот пазар преку креирање на предвидлива и фер бизнис клима, порача Битиќи.