Градската библиотека „Григор Прличев“ распиша Конкурс за избор на најдобра беседа посветена големиот поет и преродбеник, патронот Григор Прличев, на тема „Како против пизмата?“.
На Конкурсот можат да се пријават заинтересирани млади автори на возраст меѓу 15 и 30 годиини, државјани на Република Северна Македонија.
Според пропозициите, беседата „Како против пизмата?“ не смее да биде поголема од три илјади зборови и треба да е напишана во фонтот „ariel 12“. Авторските текстови не смеат да имаат во себе политичка, етничка и верска содржина, туку треба да носат универзална порака за мир, љубов, соработка и претходно да не се публикувани…
Комисијата ќе ја оценува нивната уметничка, јазична и естетско – етичка содржина.
Беседите до Комисијата се испраќаат исклучиво под шифра и авторот треба да ја наведе само возраста.
Авторските трудови кандидатите да ги достават во печатена форма во три примероци до НУ Библиотека „Григор Прличев“ ул. „Македонски Просветители“ бр. 2 Охрид, 6000, а Конкурсот е отворен до 15 јануари 2024 година.
Шифрите на трите наградени Беседи ќе бидат објавени најдоцна до 2 февруари наредната година на интернет-страницата на Библиотеката и преку медиумите.
Наградите на најдобрите тројца автори кои со посeбeн примерок ќе го докажат авторството ќе им бидат врачени на манифестацијата „Прличеви беседи“.