Натпреварот за Мис на Франција 2024 се претвори во необичен случај, откако судиите беа обвинети на социјалните мрежи за пристрасно гласање и “woke” пристап. Овој збор, кој стана популарен во Америка и остатокот од светот, означува поширока свест за социјалните нееднаквости како што се расната неправда, негирањето на правата на ЛГБТ заедницата и други. Но, често се користи во контекст на претерување во „свеста“.
Ев Жил беше избрана за Мис на Франција 2024 година, а прогласувањето на победничката се случи во директен пренос, кој го следеа околу 7,5 милиони гледачи.
Ев Жил има 20 години и доаѓа од Норд-Па-де-Кале на северот на Франција, а медиумите пишуваат дека во историјата на изборите за мис во таа земја, победничката никогаш немала кратка коса.
Целиот проблем настана околу фризурата на Мис Франција, која својата темна, брановидна коса ја скрати во “pixie cut”. Повеќе од еден век, додека Французите избираат мисица, ниту една од нив немала кратка коса.
Победничката на изборот за Мис на Франција ја избира публиката и жирито. За јавното гласање одлучуваат 50 отсто од гласовите, а таму Ев беше на третото место. Но, судиите ја „турнаа“ до победа и сега се соочуваат со неофицијални обвинувања за пристрасно гласање.
Ев од своја страна е горда на својот андроген изглед и стајлинг.
“Навикнати сме да гледаме мисици со долга коса, но намерно избрав андроген пристап со кратка фризура. Никој не треба да ни диктира кои сме, а секоја жена е различна и единствена”, изјавила Мис Франција.
На мрежите започна вистинска војна, а се подвлекува дека “pixie cut” фризурата е и еден од симболите на француското движење „МеТоо“.
Дури се жалат дека е преслаба и нема облини, што придонесува за нејзиниот андроген изглед. Победничката ги коментираше и тие обвинувања за време на финалето.
„Би сакала да покажам дека и конкуренцијата и општеството се развиваат. Застапеноста на жените треба да биде разновидна и убавината не е ограничена само на фризури или физика“, рече таа.
Извор: Мондо.рс