Партиски функционери, членови, активисти, млади и пратеници на пет локации засадија над десет илјади садници, кои ќе придонесат за зголемување на зеленилото и создавање здрава животна средина и поттикнување развој на еколошката свест.
Во акцијата, младите од СДММ ги поддржа и високите партиски функционери во позеленувањето на републиката.
Во Старо Нагоричане, партиските функционери Сања Лукаревска, Бојан Маричиќ, Оливер Спасовски, Костадин Ацевски, Мартин Костовски, Љатифе Шиковска, Санела Шкриељ, Лидија Тасевска, Маја Манолева, Александар Бајдевски, заедно со членови, активисти, млади, пратеници, засадија 3.000 садници. Марко Михаилоски, лагој Бочварски, Љупчо Николовски, Горан Трајковски, Соња Михаиловска и Марија Ангелова беа со активисите во населеното место Нов Истевник во делчевско, каде се засадија 2.000 садници. Перо Костадинов, Стојан Николов, Анго Ангов, Лазар Петров, Блашко Шапов и Марија Костадинова беа во Богданци, додека Миле Зечевиќ Вардарски, Ивона Кузмановиќ, Менде Диневски, Наумче Мојсоски, Томе Христоски, Борче Петковски, Весна Томовска, Бети Рабаџиева и Методија Илиевски, заедно со членови, активисти, млади, пратеници, засадија 2.000 садници на потегот кај населеното место Штрбово, ресенско.
Акцијата беше организирана од Социјалдемократската младина на Македонија на локации избрани согласно анализа на повеќе фактори, меѓу кои и застапеноста на шумскиот фонд и локации кои беа зфатени од пожари изминатите години.