Денес е денот кога цела Македонија ќе се собере на едно место само за да доживее незаборавна вечер заедно со едната и единствена Теа Таировиќ, во салата „Јане Сандански“ од 20 часот.
Време е за концертот кој го привлече вниманието на широката јавност и предизвика голема заинтересираност и возбуда.
Како што велат организаторите, сензационалниот настан е скоро целосно распродаден што воопшто не е зачудувачки, а поради големиот интерес пуштени во продажба биле и карти за помошните трибини и делот од галеријата.
Неодоливата балканска ѕвезда Теа Таировиќ со нетрпение чека да настапи пред македонската публика, ќе дојде со тим од 40 луѓе, а заедно со својата танчерска екипа и специјалниот гостин, мегапопуларниот Војаж, подготвени се да направат незаборавно лудило.