До крајот на годината фирмите и работодавачите имаат рок да ја исполнат законската обврска за исплата на регрес за годишен одмор, или популарно познат како К-15.
Согласно законските одредби, право на регрес има секој вработен со најмалку шест месеци непрекинат стаж кај работодавецот, без разлика на тоа дали е на определено или неопределено време.
Минимални 14.000 денари треба да им исплатат работодавачите на вработените кои имаат право на К-15, што согласно законот изнесува 40 отсто од просечната плата во последното тромесечје. Максималниот износ на регрес за годишен одмор е 100 отсто од просечната плата, односно нешто над 36.000 денари.
Годинава, за првпат К-15 од 10.000 денари добиваат и 138.000 врабтени во јавниот сектор, a некои сектори како полицијата, здравството, образованието, јавните претпријатија веќе исплатија К-15 за своите вработени.
Висината на К-15 во јавниот сектор од следната година ќе биде 30 отсто од просечната плата, односно околу 13.000 денари.