На седницата на Собранието на 22 декември на дневен ред е ставена точката за потребата од донесување на Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, по скратена постапка. Предлог законот има само еден потпи од независниот пратеник Скендер Реџепи е на дневен ред на 135. седница на Собранието закажана за 22 декември годинава, кој неодамна ја промовираше партијата Народно движење.
Предлог – законското решение наведува 662 дивоградби, од кои 111 станбени згради, станбено – деловни згради и деловно – станбени згради и куќи за одмор, доградби, надградба и адаптирани објекти.
Овој предлог закон доаѓа на дневен ред во Собранието во ситуација кога близу две години се чека на усвојување на законски измени предложени од Министерството за транспорт и врски, со кои се озовоможува легализација на дивоградби изградени заклучно со јануари 2021 година. Реџепи во предлог законот предлага да се легализираат дивоградбите кои нема да бидат опфатени со првичните измени и им се дава простор да ги легализираат своите градби сопствениците кои граделе на диво и во периодот од две години кои не се опфатени со предлог измените на Транспорт и врски. Со законот би се легализирале иградените објекти до декмеври 2022 година.
Покрај овие значајни измени, новпоределоженото законски решение на Реџепи предвидува идентичен надомест за дивоградба до 80 квадратни метри да зголеми за 50 проценти, а за тоашто е над 80 квадрати за 100 проценти што се множи со површината на дивоградбата утврдена со геодетскиот елаборат.
Собранието на 22 декмеври ќе ја констатира потребата од донесувањето на измените, по што ќе биде доставен до надлежното министерство да се изјасни, во случајов Министерството за транспорт и врски. Од таму за ММС одговорија дека илузорно е да се зборува за нов закон, кога во Собранието веќе има законско решение, кое чека на усвојување.
-До Министерството за транспорт и врски не е доставен предлогот на измените на законот и поради тоа не можеме да се произнесеме за овој предлог бидејќи на увид ги немаме измените. Потсетувaме декa речиси две години во Собранието поднесен е предлог Закон за постапување со бесправно изградени објекти доставен од страна на Министерството за транспорт и врски за кој нема интерес за негово донесување, одговрија од Министерството за транспорт и врски.
Според информациите од Собранието, предлог измените од Министерството чекаат на јавна расправа предожена од пратеничката на ДИМ, Маја Морачанин. Прогонзите се дека тешко овие измени да добијат зелено светло додека е овој состав.
Со Законот за третман на бесправно изградени објекти од 2011 година се легализирани близу 300.000 објекти. Остануваат уште 140.000 нерешени барања, од различни причини заглавени во системот.
В.К.