Службите на Европската унија и нејзините тела распишаа оглас за конференциски толкувачи на македонски јазик, а вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ ги повика сите заинтересирани македонски толкувачи да се пријават и со тоа да придонесат кон професионално толкување и промоција на македонскиот јазик низ институциите на Европскта Унија.
- „Преведувачките служби на ЕУ го отворија повикот и организираат тестирања за акредитација на конференциски толкувачи со македонски јазик (МК) како А-јазик“ напиша вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на социјалните мрежи.
Како што е објавено на официјалната веб страна на ЕУ, повикот е отворен до 19 јануари наредната година и според истиот, ангажираните преведувачи ќе може да работат за Европскиот Парламент, Европската комисија или Европскиот суд на правдата.
Со овој оглас уште еднаш само се потврдува меѓународното признавање на македонскиот јазик и е доказ дека македонскиот јазик ќе стане официјален јазик на Европската Унија со членството на Северна Македонија.