Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски и останатите осомничени Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски се во 30-дневен притвор во затворот во Шутка, во привор е и возачот Стефан Димковски, а првоосомничениот Љупчо Палевски-Палчо се уште не е екстрадиран од Турција.
Јавноста е гневна за смртта на малата Вања и на тоа што се’ уште нема одговор на многу прашања околу нејзиното грабнување и убивање, како и за велешанецот Панче Жежов, но за тоа се чека истрагата и резултатите од обдукцијата, која уште не е готова.
Но, за згаснување на овој млад живот не е гневна само јавноста, туку и останатите притворени и затворени во затворот во Шутка.
Медиумите досега информираа дека тие се затворени во посебни ќелии, а штом останатите притворени ќе ги виделе им упатувале навреди и тропале по решетките. И тие се згрозени од двојното убиство, особено на малата Вања.
Тројца од четворицата осомничени кои се во Шутка, ја признаа вината и своите улоги во оваа грозоморна операција.
Затоа и нивното влегување во затворот во Шутка беше дочекано „на нож“.
ММС од свои извори дознава дека додека ги сместувале во келиите постојано им се довикувало: „Како сте можеле да убиете дете“, „Зошто?“, „Зошто го убивте детето?“
На тоа велешанецот Велибор Манев само кусо одговорил :
„Ми требаа пари за свадба“, рекол Манев, дознава ММС.
А тој одговор уште повеќе ги изреволтирал сите и притворените, затворените и вработените.
За Манев, откако се дозна дека е еден од виновниците за смртта на Вања, се кажа дека е татко на две ќерки. Едната е мажена и од неа има внуче, додека другата ќерка не е.
Извори за ММС велат и дека слични прашања биле упатувани и до таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.
„Како си можел?!“ го прашувале Александар, но тој, велат за ММС откако пристигнал во Шутка само молчел.
Пред неколку дена, пак, облечени во посебна облека и скоро ќелаво истрижени, таткото на Вања Ѓорчевска, Александар и тројцата осомничени под силно полициско обезбедување беа изведени пред судија на претходна постапка и тогаш јавноста за прв пат го виде нивниот нов изглед, за разлика од моментот кога беа приведувани. Нва фризура подоцна доби и возачо на Палчо.
(В.М.)