Додека траел состанокот на Централното претседателство на ДУИ во Мала Речица, на кој Талат Џафери беше избран за технички премиер, лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски за недела закажа состанок на кој се очекува Јован Митрески да биде предложен за нов спикер.
Извори од СДСМ велат дека на овој начин СДСМ и ДУИ сакале да ги урнат приказните на ВМРО-ДПМНЕ и Левица за албанизација на државата.
-ДПМНЕ и Левица со години шират невистини и шпекулации предизвикуваќи револт помеѓу граѓаните и се трудат на најподол начин да ги делат граѓаните а притоа самите се убедуваат во нереални приказни кои што немаат ниту еден вистински факт туку се темелат на обвинувања, лаги и желба за константна манипулација на народот – велат од СДСМ.
Митревски со години ја предводи пратеничката група на СДСМ, а на последните парламентарни избори беше коносител на пратеничката листа во петтата струшко-охридската изборна единица.