Во интервјуто за „Трн.мк’’ проф. д-р Миодраг Врчаковски рече : „Ние Македонците навистина многу си се сакаме, но сме сме свесни за тоа.
За да бидеш вистински човек, да бидеш сакан, да бидеш свој, да ги сакаш другите неопходно е да победиш еден многу опасен непријател. Неопходно е да се победиш себе си. Своите болни амбиции, страсти, осветољубивост, алчност, желба да грабнеш пари, желба ти да бидеш прв, а за другите ич да не ти е гајле. Кога човек ќе се надмине себе си, ќе се постави над овие негативности грозни, ќе го гледа светот со сосема поинакви очи. Искрени очи, очи топли и со кои непријателите ги гледаш со љубов и среќа не да им наштетиш туку да им направи добро. Тоа е мојата животна филозофија и тоа јас постојано го правам. Со добрина кон сите. Ќе ти задаваат удари, нека задаваат, но мене тоа не ме засега и на оној кој ќе го зададе ударот јас гледам со широко отворени очи и крајна симпатија. Непријателите се доказ за вашите вредности. Сфатете ги како многу драгоцени.’’
Д-р Врчаковски јасно ја посочи пораката за нашиот македонски идентитет, без разлика каде и да одиме ние секогаш себеси се носиме затоа што нашиот идентитет е во наште души и корењата на македонскиот народ се длабоко распространети низ светот.
„Јас сум Македонија, ти си Македонија, сите сме Македонија. Иднината на Македонија и идентитетот зависи од интелектуалниот капацитет на граѓаните на република Македонија. Ако творите ако создавате, кој може да ве спречи да го освоите целиот свет со своето умеење и знаење? Својата уметност да ја префрлите на било кој дел од континентот? Апсолутно никој. И вие сте Македонија. И тогаш ќе кажат ова е тој, доаѓа од Македонија. Го губам идентитетот ‘’ – рече Д-р Врчаковски
Во текот на интервјуто за „Трн.мк’’ д-р Врчаковски откри дека клучот за успехот се крие поедичено во секој еден од нас – само треба да бидеме упорни за го најдеме зрното бисер коешто се крие некаде длабоко во нас. Упорноста е таа којашто го носи човекот до успехот.