Добитникот на лото Том Крист се откажа од 40-те милиони долари што ги доби на канадската лотарија.
За CBC News тој долгогодишен директор на електрична компанија во Канада изјави:
“Имав среќа да работам во компанијата 44 години. Во текот на кариерата заработив доволно пари за да се осигурам себеси и моите деца. Затоа не ми требаат парите добиени на лотарија”.
Наместо да ги земе освоените пари, тој решил да донира милиони во добротворни цели.
Но, позадината на таквата одлука е потресна, пренесува германски MSN.com.
Неколку месеци пред да освои пари на лотарија, Том Крист доживеа тежок судбински удар, неговата сопруга почина од рак на белите дробови.
Ова, појасни, е и причината поради која големите добивки на лотаријата ги донирал на добротворна организација која се грижи за децата на кои им е потребен посебен третман за рак.