После 17 години имаме редовни парламентарни избори, кои што се заложба и на претседателот Ковачевски и целото раководство на СДСМ, рече во вчерашното ТВ гостување потпретседателката на СДСМ и прв човек на УЈП, Сања Лукаревска.
Таа истакна и дека во наредниот период ќе биде позната целата процедура за секој кој сака да се кандидира за претседател на државата.
- „Во наредниот период ќе ја објавиме целата процедура за секој оној кој сака да се кандидира за претседател на државата. Ќе треба да подготви и презентира програма на сите тела и органи на партијата. На крајот ќе се носи одлука да се избере најдобриот победнички кандидат,“ рече заменик претседателката на СДСМ и директорката на Управата за јавни работи, Сања Лукаревска.
Потенцираше дека прифаќањето на заеднички претседателски и парламентарни избори не значи потклекнување пред барањата на опозицијата, туку напротив желба и отвореност за прифаќање на предлозите од сите политички субјекти.
- „Не сме попуштиле под било какво влијание, напротив бевме иницијатори на лидерска средба на која сите политички партии си го кажаа својот став,“ рече Лукаревска.
Таа додаде дека техничката влада останува, затоа што како што вели тоа е влада која од технички аспект ќе го спроведува целиот изборен процес.
- „Штом ВМРО вели дека не сака техничка влада, тоа е комплимент за нас, бидејќи сфаќаат дека имаме спроведување на демократските процеси,наспроти она на кое што бевме навикнати. Пржинската влада е синоним во тоа време на едно недомкратско , несоодветно владеење од страна на тогашната власт,“ истакна Лукаревска.
Таа нагласи дека СДСМ ќе го предводи европскиот фронт и дека повикани се сите, како граѓански организации, политички партии, граѓаните, да се приклучат. Тоа значи дека СДСМ ќе го води патот кон европската агенда.
Да се направи дистинкција кој е за државата да оди напред, кој е за развој на економијата , а кој е за тапкање во место или враќање назад.