Ученици од основните и средни училишта во Штип, студентите, пензионерите, лицата со статус на деца без родители, приматели на социјална помош ќе добијат повластување на услугите за користење градскиот автобуски превоз.
Директорот на ЈП „Стипион“ – Штип Панче Стефановски вели од денеска неограничено во наредниот период може да се користи услугата, со купување на месечен или годишен билет.
-Во таа насока воведуваме повластени категории на граѓани кои ќе користат одредени попусти при користење на услугите. Тука спаѓаат сите ученици од основните и средни училишта кои не се опфатени со услугата, студентите, пензионерите, примателите на социјална помош, лицата со статус на деца без родители, пензионерите, вели Стефановски.
Попуст во цената ќе има на месечните и годишни билети линеарно за 200, односно за 2.000 денари. Со купен месечен или годишен билет може да се користи јавниот превоз неограничено во текот на денот.
-Попустите се однесуваат за сите зони на територија на Штип и Карбиници. Линарно ќе се намалуваат билетите и тоа за 200 денари на месечните и 2.000 денари на годишните билети. Месечниот билет во градската зона ќе биде од 700 – 500 денари, а месечните од 7.000 ќе бидат 5.000 денари, додава Стефановски.
Тој исттакна дека на ваков начин се апелира граѓаните да го користат градскиот линиски превоз, но и дека месечните и годишни билети се многу поисплатливи за користење за разлика од дневните.