Како биле поврзани двете убиства и што се правело пет дена, беше прашан министерот Спасовски на денешната прес конференција.
-По претходно добиена информација што ја имале вечерта пред грабнувањето, осомничените го земаат девојчето во влезот во зградата со врзани раце и нозе и во една вреќа за спиење спиење и го изнесуваат и го ставаат во гепекот од возилото. Пред возилото „цитроен3 се наоѓало возилото „рено канго“ кое цело време се движи пред нив – изјави Спасовски и додаде:
-Од првиот момент и за исчезнатото лице во Велес беа преземени сите мерки. На почетокот немаше корелација на двата случаи. На 27-ми кога се пријавува исчезнување на девојчето имаше две пријави, едната е утрото од мајката, а втората е подоцна од таткото. Но, потрагата почнува уште по првата пријава. Паралелно се водеше истрагата и тука и Велес. Преземени се низа мерки, видео надзори, мета податоци и сѐ што е потребно. Ние колата на „сејф сити“ ја најдовме на 27-ми низ Скопје, кога се утврдува дека и „цитроен“ и „рено канго“ се движат заедно и тука доаѓа до спојување. Веројатно таа кола тие денови не се движела, ја нема на камера. Детето е грабнато во зградата, по претходно добиена информација дека излегува само. Не е точно дека заради самитот на ОБСЕ не се постапувало, тоа е апсолутна лага, рече Спасовски.