Во израелските напади во Појасот Газа во изминатите 24 часа се убиени најмалку 700 луѓе, соопшти портпарол на Хамас, пренесува ДПА.
Портпаролот рече дека многу од загинатите се под урнатините и дека спасувачките служби имаат големи тешкотии да стигнат до повредените и да ги однесат во болница.
Израелската војска, пак, и денеска ги повика жителите на одредени области во јужниот дел на Појасот Газа да се евакуираат и да заминат во засолништата кон границата со Египет. Во меѓувреме продолжуваат бомбардирања во Газа.
Истовремено, според списокот што го објавија граничните власти од палестинска страна, денеска се очекува од Појасот Газа преку преминот Рафа во Египет да влезат над 600 странски државјани и Палестинци со двојно државјанство.
Списокот вклучува повеќе од 300 американски и канадски државјани, како и голем број Германци, Норвежани, Грци, Турци и Филипинци. Според Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања, граничниот премин е отворен за речиси 900 странски државјани и лица со двојни државјанства откако истече прекинот на огнот во петокот.