Веке 18-та година по ред на крајниот Исток од државата успешно функционира и работи најголемата дрво-преработувачка индустрија во Република Северна Македонија, Дик Фагус Пехчево.
Предводени од генералниот менаџер Тања Јордева Тимовска, секојдневно 500 вработени успешно ги извршуваат своите работни задачи. Со постојано вложување во најнова и најсовремена технологија, високо квалитетните материјали, како и со максималната посветеност на секој вработен оваа компанија успеа своите производи да ги пласира речиси секаде во Светот.
Доказ за тоа се и фотографиите кои неодамна генералниот менаџер Тања Јордева Тимовска ги објави на социјалните мрежи, каде што може да се види дека производите на Дик Фагус се присутни и во најелитниот бар во Монте Карло Buddha Bar.
Таа во една своја изјава скромно вели: “Не беше лесен патот од Пехчево до Монте Карло”.
Исто така, производите на Дик Фагус се присутни во повеке земји во светот како што се: Англија, Холандија, Франција, Белгија, Германија, како и во далечните Канада и Австралија.





