Економската конкурентност помеѓу Кина и Европските сили е само еден дел од приказната, меѓутоа обидите во Кина да се направи поврзување на цивилните и воените технологии е најголемиот страв за западните земји, вели во денешното издание на Стадион, Ана Крстиновска дел од тимот на здружението за развој на стратегии, истражување, едукација и промоција на меѓународни вредности, Естима.
- Стравот не е само дека Кина ќе ги развива технологиите како достапни за широките маси, за граѓаните, туку дека тие напредни технологии кои во голема мера беа прекопирани од западните компании сега Кина ги надоградува и ги вградува во сволите воени капацитети и тука се создава најголемиот страв кај западните сили, нагласува Крстиновска.
Вели дека за разлика од Русија која во голема мера се потпира на дезинформации, Кина акцентот го става на пропаганда односно на ширење на позитивни информации пред се за кинеските економски и технолошки достигнувања и на овој начин прави дефокусирање од реалните критики кои и ги упатуваат земјите од Запад.
- Во поново време се гледа една тенденција да се прави поврзување на кинеските економски достигнувања со политичкиот систем во Кина. Наративот којшто се истакнува е дека кинеските достигнувања, економски и технолошки се можни единствено благодарение на авторитарниот модел кој го има Кина и на тој начин не само што се оправдува туку се прави привлечен тој модел и се претставува како алтернатива за демократскиот и либералениот, објаснува Крстиновска во нејзиното денешно гостување во емисијата “Стадион”.
За т.н мека моќ на Кина и нејзиното влијание многу повеќе во целосното интервју со Ана Крстиновска на линкот подолу.