Убаво ретро се случи вчера во салата „Јане Сандански“, каде се одржа големата 99 Мегастарс забава. Не потсети на времето од 90-тите кога уживавме во хитовите на Пис брадрс, кои открија дека големиот хит на времет го испејале заедно со Ребека, потоа Арчи, кој одамна не е на сцена, Искра Трпева, Маја Гроздановска-Панчева, Верица Пандиловска, Бени, но и Наде Талевска, Принц и Сара Мејс кои отпејаа познати хитови од тоавреме.
Запеја и Александар Тарабунов, Ламбе Алабаковски, Ивона Јо, дуото Дис, Теа Трајковска, Бени Шакири, Маријан Стојановски, Куку Леле, Ристо Самарџиев, Дарко Гроздановски, Андријана Јаневска…
На концертот ечеа „Ноќна Кралица“, „Спаси ме“, „Фројд е жив“, „По навика“, „Скопските девојки“, „Допри ме“, „Мачка со девет животи“, а публиката пееше на цел глас и покажа дека ѝ недостигаат вакви случувања, на едно место да ги видат своите омилени пејачи и да се сетат на едни од најубавите времиња на македонската сцена.
Водители беа Игор Џамбазов и Маријана Станојковска, кои на сцената, усреќија многумина, а во таканаречената соба некогашниот 99 Action пар – Мартин Трпчевски и Миа Костова.
Забав имаше многу, песни да ти е милина да ги слушаш и да се потсетиш на тоа убаво време, но потфрли публиката, која и покрај бесплатниот влез не посака да слуша македонска музика. А имаше и причина да дојде, бидејќи се доделија многу награди.