Мишо Ковач (82) се уште е во сплитската болница, а денес на Фејсбук се појави и негова фотографија од болница.
Како што пишуваат хрватските медиуми сплитскиот градежен инженер Берислав Боровина на својот Фејсбук профил споделил фотографија од Мишо, која му ја испратил неговиот зет, а кој е доктор во болницата, пренесува 24сата.хр.
-Мојот зет, д-р Младен Франкиќ, отоларинголаринголог во КБ Фируле, пријатно ме изненади со заедничката слика со Миша Ковач. Драг наш Мишо, издржи. Има многу од нас кои пораснавме заедно со вашите песни и кои како и јас ви испраќаме искрени желби за брзо закрепнување – напиша Боровина во описот на фотографијата со зетот и Мишо.
Кога Мишто заврши во болница се огласи неговата ќерка Ивана.
-Татко ми заврши во Клиничкиот болнички центар во Сплит бидејќи имаше висока температура. Ништо сериозно. За постарите луѓе кои веќе имаат некакви потешкотии како него, треба да одат во болница… Не е исто како кај нас здравите кога ќе добиеме висока температура – изјави таа.