Земјотрес со јачина од 2,9 степена според Рихтеровата скала нешто по 12 часот ја погоди Хрватска. Медиумите во Грција по половина час јавија за земјотрес и во таа земја со магнитуда од 4,5 степени по Рихтер.
Според ЕМСЦ, земјотресот во Хрватска се случил на длабочина од девет километри, а е регистриран кај Макарска и нема информации дали има повредени.
Во Грција епицентарот е регистриран во Јонското море.