Градот ни блесна!
Град Скопје се исчисти, за жал само централниот дел, каде треба да поминат или да престојуваат министрите за надворешни работи и други претставници на 57 земји-членки на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и на државите партнери, кои се состануваат во Скопје за да разговараат за иднината на организацијата и за предизвиците со кои се соочува.
Убаво е кога секојдневната слика на полни контејнери и расфрлан смет макар и за два дена ќе се смени, со затворени контејнери без смети и собрано речиси секое есенско ливче.
Но, очигледно е дека ниту надлежните институции, ниту, пак, граѓаните, не се грижат за тоа во колку валкан град живеат.
За сите нас, кои и по состанокот на ОБСЕ ќе останеме да живееме во Скопје убаво е да се видат фотографиите од нашиот фоторепортер Вангел Тануровски од градот убав како свети!
Погледнете ја галеријата: