Во вторникот во регионот одекна веста дека Мишо Ковач (82) завршил во болница поради висока температура.
Денеска 24сата.хр дознава нови информации за здравствената состојба на музичката легенда, која се уште е под лекарска опсервација.
-Добро. Пие антибиотици и се е под контрола. Нема што да се грижите. Има респираторни проблеми и ќе биде во болница уште неколку дена – вели извор од болницата за 24сата.хр.
Неговата ќерка Ивана Ковач (46) во вторникот ни изјавила дека легендарниот пејач превентивно бил пренесен во болница и дека лекарите ќе го задржат кратко.
-Вистина е, Мишо е во болница. Не е ништо сериозно, синоќа доби температура. Слушај, тој нема температура како обичен човек, па мораме да го однесеме во болница. Попревентивно е. Лекарите ќе го задржат некое време и потоа ќе го пуштат дома – изјавила Ивана.
Мишо има, како што пишува Јутарњи, хронична опструктивна белодробна болест, па затоа и оваа хоспитализација е мерка на претпазливост. Неколку пати во последните неколку години пејачот завршуваше во болница, а речиси секогаш имаше проблеми од ваков карактер.