Петмесечно бебе, без знаци на живот, вчера било донесено во болницата во Неготино, чие тело било предадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта на бебето.
Од велешката полиција за ММС велат дека кај нив случајот бил пријавен од страна на Итната медицинска помош.
„Вчера во 09 часот во ОВР Неготино, од Итна медицинска помош Неготино пријавиле дека кај нив од родителите било донесено неколкумесечно бебе од Неготино без знаци на живот. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција“, известија од СВР Велес.