Две маскирани лица го симнале црковното знаме од јарболот пред црквата „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка, а потоа поставиле знаме на Албанија.
Случајот во полиција го пријавил свештеник,информираат од СВР Тетово.
-Во 18.05 часот во СВР Тетово, свештеникот од црквата „Св.Наум Охридски Чудотворец“ лоцирана на Попова Шапка, пријавил дека од страна на НН лице од јарболот на црквата е симнато црковното знаме и е поставено знаме на Албанија, вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово и додава дека полицијата презема мерки за расчистување на случајот.