„Во медиумите се пишува дека изборите ќе бидат на 8 мај, тогаш 70 дена наназад се распишуваат изборите, а тоа е 28 февруари. Бидејќи се редовни избори, 100 дена претходно треба да се избере техничка Влада, изјави Талат Џафери, претседател на Собранието на брифинг со новинарите.
Тој додаде дека досега до него не е стигната никаква информација дека е постигнат договор меѓу партиите за денот на одржување на изборите.
„До мене до сега не е стигната информација од партиите дека е договорено изборите да се одржат на 8 мај заедно со претседателските”, рече Џафери.
Законот за пржинска Влада предвидува да се избере нов премиер кој ќе раководи со Владата три месеци пред избори, а тоа најверојатно ќе биде од редовите на ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ, претходно предложи да се укине пржинската влада.