За потребите за изградба на Експресен пат А2, делница Длабочица Чатал, утре (28 ноември) ќе се изврши минирање.
Како што соопшти Автомотосојузот на Македонија, предвидено е привремен прекин на сообраќајот на потег село Ветуница – мост на река Блидеш во период од 12 до 16 часот.
-По минирањето, патничките возила ќе се пренасочуваат по локалните патишта, а сообраќајот за тешките товарни возила ќе биде во прекин се до расчистување на магистралниот пат, известува АМСМ.