Маж од Штип пријавил дека го нападнала неговата поранешна сопруга – соопшти денеска полицијата.
Имено, вчера попладне во Полициската станица од општа надлежност Штип, 40 –годишен маж пријавил дека на 23.11.2023 околу 14.30 часот во Штип, по претходно недоразбирање околу гледањето на нивниот малолетен син бил физички нападнат од неговата поранешна сопруга И.М.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.