Гласините дека имало непристојни предлози меѓу пратениците од страна на претходниот премиер Зоран Заев, ги потврди во „Стадион“ на Канал 77, Борислав Крмов од Левица. Според овие гласини, некои пратеници добиле понуда од 400.000 – 500.000 евра од Заев, но како што вели Крмов, не за гласање за уставните промени.
-Не знам дали да зборувам за тоа. Имаше обид, не само кај мене туку и кај пратениците од албанската опозиција, одговори Крмов.
За уставнитие измени?
-Не, не. Да си ја окрупни владата, зашто му беше таа првичната со 62 пратеници и буквално двајца да се разболат, не може ништо да се изгласа. И човек бизнисмен како Заев, што е навикнат се’ да биде „купи – продај“, мисли дека пратеници треба да се купуваат со пари и дека за тоа се избрани. Имаше обиди, да, рече Крмов.
На забелешката дека ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски исто се богати, Крмов рече дека биле подготвени да се здружат со ВМРО ДПМНЕ во падот на владата а СДСМ.
-Некогаш ќе треба да изберете кое е поголемо зло. Ќе го дадевме гласот да падне владата на Заев и да одиме на избори. Мицкоски нема да има повеќе од 61 пратеник, кажа Крмов во „Стадион“.
Како што изјави, цел на Левица е 61 пратеник или да формираат влада, за што има добри индикатори дека, како што кажа, „ќе бидат клучниот фактот да формираат влада“.
Претседателски кандидат – не
Акдемик Љупчо Коцарев, актуелен претседател на МАНУ нема да биде претседателски кандидат на Левица.
-Не е Коцарев, а не е ни Камиказа (Перо Ѓеоргиевски). Ќе имаме кандидат, за тоа ќе одлучи раковдство. Се разговара со кандидати и наскоро ќе објавиме, сега не е време, рече Крмов.
Тој рече дека СДСМ како „наводно најголемата партија клекнува“, што кажува дека ќе има широка коалиција. Прогнозата на Крмов е дека СДСМ се прклучува кон ДУИ и ВМРО ДПМНЕ за да добие гранција, како што рече, бизнисите на врхушката да функционираат.