Драмата околу (не)роденото бебе наводно изгубено на Клинички центар Скопје доцна вечерва ја заврши МВР.
Во официјалната информација од МВР с евели – лажна е пријавата за наводно исчезнато дете во Клинички центар, а пријавителката е лишена од слобода!
-МВР во координација со ОЈО Скопје го расчисти случајот со наводно исчезнато дете на Клинички центар и утврдено е дека станува збор за лажна пријава од страна на Л.А.. Веднаш по добиената пријава, од страна на Единицата за насилен криминал при СВР-Скопје, а во консултација со ОЈО Скопје преземени се соодветни мерки и активности. Направени се детални проверки во системот на Гинеколошко акушерска клиника Скопје за примени пациенти и притоа констатирано е дека Л А. последен пат е хоспитализирана во 2019 година. Исто така направени се проверки во системот на Детска клиника и притоа не е забележано новородено дете како што пријави Л.А., информираат од МВР и додаваат:
-Направени се проверки во ординацијата на матичниот лекар на Л.А. и притоа констатирано е дека таа била на преглед на 08.03.2023 година каде што од страна на докторот е констатирано дека Л.А. не е трудна. Извршен е разговор со докторот и од прибраните докази е констатирано дека пријавата на Л.А. е лажна. Во консултација со дежурен јавен обвинител Л.А. е лишена од слобода и задржана во полициска станица за понатамошно постапување, се вели во информацијата од МВР.