СВР Штип информира дека вчера уапсиле маж, кој сакал да грабне дете од мајка, со која бил во брак.
-На 23.11.2023, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода К.М.(40) од Штип. Тој се сомничи дека околу 15.00 часот на ул.„Енгелсова“ во Штип не го почитувал решението од Центарот за социјална работа Штип, со кое нивниот малолетен син бил доделен на мајката, односно на неговата поранешна сопруга и противправно се обидел да го земе од неа. За случајот запознаен е јавен обвинител. Се работи на комплетирање на настанот, по што против К.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.