На речиси 60 години, денес се породи пациентката на д-р Стојан Органџиски, по успешно спроведена ин витро процедура! Историски ден и за нашиот тим. Здраво машко бебе дојде денес на свет со тежина од 3200 грама, зачнато кај нас, со следена бременост во нашата Болница! Оваа родилка е една од највозрасните пациентки на овие простори, која на речиси 60 – годишна возраст, ја донесе својата прва рожба. Станува збор за највозрасната жена што успешно има доносено и родено здраво дете на нашиве простори.
Оваа убава вест ја донесе лекардкиот тим на болницата „Д-р Органџиски“ од Штип, во чија болница е зачнато бебето.
-Силната желба за бебе и нашите професионалци во целиот процес беа идеален спој, за и оваа семејна сторија да успее. Бременоста ја постигнавме во нашата болница, по успешно спроведена ин витро постапка со донирани јајце клетки. Пред ин витро процедурата на пациентката и имам извршено хистероскопска операција со ресекција на септум – преграда во матката. Повеќе години пред лекувањето пациентката немаше менструални циклуси. Целиот процес на лекување и самата ин витро постапка бараат многу знаење, посветеност и љубов кон самата професија, вели во видео пораката д-р Органџиски и додава:
-Целата бременост беше следена во нашата болница и целокупната бременост протече сосема нормално”, истакнува за овој несекојдневен успех д-р Органџиски, директор на Болница ,,Д-р Органџиски” и гинеколог што истрајно и со силно знаење ја водеше бременоста на оваа среќна мајка.
Поради тоа што пациентката не живее во Македонија, од болницата информираат дека се породила денес во Софија.
-Штип за неа значи многу. Во нашата Болница е зачнат ембрионот на нејзиното здраво бебенце, благодарение на професионалната умешност на д-р Стојан Органџиски во спроведувањето на ваквите успешни ин витро процедури. За успехот и за вложените знаења и енергија, заслужен е и целиот негов тим, на кој му упатува безусловна благодарност, а посебно на д-р Верица Органџиска и на главниот ембриолог во ин витро лабораторијата на Болницата, Емилија Миовска, велат од болницата.
Од волницата на мајката и на новороденото синче им посакаа многу здравје и семејна среќа во текот на целиот живот!