Крадците кои упаднале во складиште за логистика во западна Германија успеале да украдат 2.000 телевизори и 16.000 електрични четки за заби, соопшти полицијата, пренесува Н1.хр.
Неидентификувани крадци од магацин во градот Дуизбург успеале да побегнат и со сеф тежок повеќе од 100 килограми.
Се проценува дека пленот е вреден 1,4 милиони евра.
Кражбата се случила минатиот викенд, но во вторникот била објавена во полициско соопштение.
Според полицијата, крадците упаднале во зградата преку прозорец. Најверојатно им требале неколку камиони за да ги однесат илјадниците украдени предмети.
Полицијата во моментов ги анализира индициите на местото на злосторството и снимките од видео надзорот, а се надева и на помош од очевидци.