Пејачката Мадона (65) моментално е на „The Celebration Tour“ во Европа, а на последниот настап во Германија доби бројни негативни коментари поради нејзиниот провокативен настап, пренесува 24сата.хр.
Кралицата на попот заедно со еден од танчерите изведе настап на креветот на песната „Papa Don’t Preach“. Двете се допирале во долна облека по интимните делови од телото.
Видеото набрзо стана вирално на социјалните мрежи, а мислењата за настапот беа поделени.
Некои беа згрозени од настапот на пејачката и коментираа дека тоа не е соодветно за нејзините години.
„Ова е хорор“, „Ова не е уметност, таа е стара жена“; „Со ова се обезличи себеси“; „Те молам пензионирај се“; „Ова е тажно, тоа е баба“ – напишале згрозени обожаватели.
Додека некои ја навредуваа пејачката, имаше и такви кои нудеа поддршка и на тоа гледаа уметност.
-„Остави ја, жената растура; „Изгледа прекрасно, легендо; „Луѓето треба да разберат дека ова е уметнички настап – напишаа под видеото.